Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Iustinianus Primus Faculty of Law
  3. Faculty of Law: Conference papers
  4. Судските реформи помеѓу европските стандарди и остатоците од социјалистичката правна традиција: Судската култура како клучен фактор за одржливоста на реформите
Details

Судските реформи помеѓу европските стандарди и остатоците од социјалистичката правна традиција: Судската култура како клучен фактор за одржливоста на реформите

Date Issued
2023
Author(s)
Preshova, D
Abstract
Во изминативе нешто повеќе од 30 години од независноста на државата, Северна Македонија помина низ бројни циклуси на реформи во судството кои воедно вклучуваа измена на Уставот, промена на законодавството, генерален реизбор и комплетна реорганизација на судството. Исходот од сите овие реформи се чини дека е далеку под очекувањата за остварување одржливи промени кои ќе обезбедат вистински независно и непристрасно судство. Константно се повторува од домашни и меѓународни фактори дека правната и институционалната рамка на државата е во голема мера усогласена со европските стандарди, но она што отсуствува е имплементацијата, односно соодветна институционална практика во примената на правните правила. Која е причината за ваквата состојба со судството? Која е причината за отсуство на соодветна имплементација?
Во овој труд одговорот на овие прашања се лоцира преку еден поим кој ги поврзува формалните правила со неформалните практики, а тоа е судската култура. Најчесто судската култура се дефинира како вградените карактеристики на конкретниот правен систем од кои зависи начинот на кој се остварува и вреднува работата на судиите. Овие карактеристики можат да бидат од формална или неформална природа. Поради тоа увидот во судската култура обезбедува посоодветно дизајнирање и обмислување на судските реформи, што за жал често отсуствува. Имено фокусирањето исклучиво на промена на формалните правила, кој пристап го забележуваме и кај нас, без при тоа паралелно да се менува менталитетот и културата на судиите најчесто резултира со негативен исход. Поради тоа соодветната контекстуализација на судските реформи во Северна Македонија треба да оди преку прецизно мапирање на доминантните карактеристики на судската култура, особено оние кои се сметаат за остатоци од социјалистичката правна традиција и кои се одржуваат преку правничкото образование, иницијалната и континуирана обука на судиите и судската социјализација

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify