Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии
  4. Безбедноста и насилството во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување
Details

Безбедноста и насилството во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување

Date Issued
2023
Author(s)
GJurovski, Marjan
Abstract
Насилството врз децата е еден од најсериозните проблеми коишто го загрозуваат
нивниот развој, здравјето и добросостојбата, основните права, достоинството и можат да
го доведат во прашање детскиот живот. Тоа се случува насекаде, во домот, училиштата
или во другите институции за детска грижа, на улиците. Голем дел од насилството врз
децата останува скриено. Децата се плашат да го пријават заради стравот и поврзаноста со
насилникот или затоа што насилството не го сметаат за нешто погрешно или невообичано
туку како оправдана и неопходна казна за своите постапки. Децата жртви на насилство
може да се чувствуваат виновни и да веруваат дека го заслужиле. Низ историјата, но и
денес во различни култури физичкото казнување било и сè уште е еден од начините на
дисциплинирање и воспитување на децата како во семејствата така и во училиштата.
Идејата дека насилството спрема децата треба и мора да биде спречено е
релативно нова: првите документи поврзани со заштитата на децата од насилство
датираат од крајот на 19-тиот век, а дури во 20-тиот век доаѓа до ширење на ставот дека
насилството врз децата мора да биде спречено, односно казнувано и адекватно
третирано.
Досегашните искуства покажуваат дека во Република Северна Македонија
проблемот со насилното однесување се игнорира или решение најчесто се бара во
ангажирање на професионални агенции за обезбедување кои го „чуваат“ училиштето.
Бројот на инциденти и тепачки можеби се намалува на овој начин, но сепак тоа е далеку
од решавање на проблемот кај останатите видови насилно однесување. Во третирањето
на проблемот важно е да се вклучат сите членови од заедницата, а особено младите, во
развојот и поставувањето на механизми за решавање на проблемот со насилството, преку
континуирано намалување на неговите димензии, откривање на причините и подобро
справување со последиците. Знаењата добиени од истражувањата на состојбите и нивното
поврзување во акции што се осмислени и реализирани од децата заедно со возрасните,
можат да се употребат за развивање политика и ефективни интервенции за намалување
на насилството во училиштата.
Subjects

насилство, булинг, бе...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Studija - so cip 23.4.2024.pdf

Size

7.24 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):64d2a5d4cc950e19c1c7e3e92a030bc6

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify