Окуларни промени кај Down синдром
Date Issued
2010
Author(s)
Љубиќ, Антонела
Abstract
Цел: Down синдромот претставува најчеста хромозомска аберација. Кај синдромот присутни се бројни офталмолошки промени, вклучувајќи ги промените на предниот, среден и заден очен сегмент, како и рефрактивни аномалии, страбизам, нистагмус и амблиопија. Целта на нашето истражување беше да се споредат окуларните промени помеѓу двете етнички групи на македонската и хрватската популација со ДС, и истите да се анализираат во однос на веќе објавените светски резултати.
Матерјал и методи: Беше спроведена популациски- базирана, пресечна, епидемиолошка студија, која вклучи испитаници прегледани во приватна полклиника во Р.Македонија и Р.Хрватска. Вкупно 108 испитаници со ДС од Р.Македонија беа вклучени во испитуваната група, додека 64 испитаници со ДС од Р.Хрватска во контролната група. Дијагнозата за ДС беше поставена врз основа на клиничките карактеристики или со цитогенетска анализа. Беа пополнети протоколи кои се однесуваа на општата здравствена сосотојба по системи, генералии, окуларни промени по сегменти и поединечно протоколи за окуларниот мотилитет и рефрактивниот статус. Офталмолошкиот преглед опфати: проценка на видната острина, преглед со биомикроскопија, утврдување на окуларниот мотилитет, циклоплегична рефракција како и офталмоскопија.
Резултати: Просечната возраст на мајката во македонската популација со ДС изнесуваше 28.4 години, додека во хрватската популација со ДС 30.2 години. Преваленцијата на искосувањето на палпебралната фисура во испитуваната група изнесуваше 58.3%, додека во контролната група 65.6%. Епицантхус-от беше присатен во 20.4% од испитаниците во македонската популација, додека во 31.2% во хрватската популација. Преваленцијата на ирисната стромална хипоплазија во испитуванта група изнесуваше 36.1% версус 18.8% во контролната група. Брусхфиелд-овите точки беа приастни во 23.1% од испитаниците во македонската популација и 28.1% во хрватската популација.
Преваленцијата на страбизмот во македонската популација изнесуваше 33.3% версус 20.3% во хрватската популација, нистагмусот 12 % во македонската версус 6.3% во хрватската популација и амблиопијата 82.7% во македонската версус 68.9% во хрватската популација.
Високата преваленција на рефрактивните аномалии покажа вредности од 92% во македонската и 87.3% во хрватската популација. Преваленцијата на астигматизмот во македонската популација изнесуваше 46.6% версус 27% во хрватската популација.
Заклучок: Најчести окуларни промени кај македонската и хрватската популација со ДС, беа искосувањето на палпебралните фисури како и рефрактивните аномалии. Преваленцијата на страбизам во македонската и хрватската популација беше речиси идентично, во рамките на објавените студии.
Ирисната стромална атрофија во испитуваната и контролната група, беше почест наод во однос на карактеристичните Брусхфиелд-ови точки.
Косиот тип на астигматзизам претставуваше најчест тип на астигматизам во двете групи. Овој факт е од посебен интерес, особено земајќи ја во предвид старосната структура на нашите испитувани групи.
Поради високата честота на окуларна патологија, сите лица со ДС, потребно е да се вклучат во континуирани скрининг програми. Скрининг смерниците треба да се следат во правец на прегледи на: едномесечна возраст, потоа на една година, на 2-3 години, на 5-6 години (пред почеток во училиште) и потоа следствено на секои 5 години.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Antonela Ljubic-doktorat.pdf
Size
14.46 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):fb605c39ec2fe3f11d0b3b08ced6ef13