Значењето на супервизијата во професионалниот развој на човечките ресурси во центрите за социјална работа
Date Issued
2019
Author(s)
Велковски, Гораст
Abstract
Во денешниот, сè поголем дискурс на промени и развој, постои континуирана потребата на сите вработени кои работат со луѓе (доктори, едукатори, наставници, социјални работници) да превземат нови улоги. Предуслов за подигнување на квалитетот на работа во предучилишна установа, училиште, институции за социјална заштита, е намалување на професионалното согорување и стресот, подобрување на меѓучовечките односи, подобрување на професионалноста и компетентноста, зголемено задоволство при работата и поголема ефикасност на работа. Во тоа може да помогне супервизијата.
Лицето кое ја спроведува супервизијата е супервизорот, а лицето над кого се спроведува супервизијата е супервизираниот. Супервизијата е процес на интерперсонална интеракција што вклучува едно лице – супервизорот, кое се состанува со друго лице - супервизираниот со цел да ја зголеми ефикасноста во работењето со луѓе со цел да се постигне одреден професионален, личен и организациски стандард.
Супервизијата игра клучна улога во смисла на компетентноста и учењето на возрасните, и претставува процес во кој експертите развиваат самодоверба врз основа на личен и професионален идентитет.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
gvelkovski2019.pdf
Size
1.81 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5e114d0672a0a2cc61fedf01f4805b9b