Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Iustinianus Primus Faculty of Law
  3. Faculty of Law: Journal Articles
  4. ДЕФИНИРАЊЕ НА УЛОГАТА НА ЕУ КАКО ГЛОБАЛЕН АКТЕР: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ
Details

ДЕФИНИРАЊЕ НА УЛОГАТА НА ЕУ КАКО ГЛОБАЛЕН АКТЕР: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Date Issued
2021-08
Author(s)
Milena Apostolovska Stepanoska
Vasko Naumovski
Leposava Ognjanovska
Abstract
Улогата и позицијата на Европската Унија како глобален актер на меѓународната
сцена се базираат врз тезата дека креирањето на Унијата е со цел да се стави
крај на геополитиката, чие вообичаено поимање се надоврзува на сфаќањето
на динамичната моќ во меѓународните односи. ЕУ промовира нов концепт на
безбедност заснован на меѓузависност и пренесен суверенитет на заеднички
воспоставените институции. Одржувањето на мирот на европското тло било
замислено да се одвива преку економска соработка на земјите-членки што
понатаму би довела до нивна меѓусебна солидарност, што се предвидува и во
Шумановата декларација од 1950 година. Либералниот светски поредок по Втората
светска војна се темели на мултилатерализмот, како надворешна политика што ја
практикуваат повеќе актери на меѓународната сцена, врз основа на доброволна и
(во суштина) институционализирана соработка регулирана со норми и принципи
кои важат (во голема мера) подеднакво за сите држави-учеснички, заради
заедничко соочување со споделените проблеми и предизвици.1 Како продукт
на мултилатерализмот, ЕУ повеќе децении наназад ја игнорираше „политиката
на моќ“ и се концентрираше на економската интеграција2, иако причините за
формирањето на овој sui generis конструкт на меѓународното право се примарно
од безбедносно-сигурносен карактер. Во надворешните односи, ЕУ се перципира
како „мека сила“ што ги промовира демократијата и основните права потпирајќи
се на инструментите на „мека моќ“, како ефективна замена за воената моќ, односно
безбедносната и одбранбена политика во однос на која земјите-членки се потпираа
на водството на САД во рамките на Трансатлантскиот сојуз. Со Лисабонскиот
договор, ЕУ стекна меѓународен правен субјективитет, така што може да ги
остварува надлежностите во надворешната политика, вклучително и да учествува
во работата на меѓународните организации, во границите на овластувањата што ѝ
се пренесени од страна на земјите-членки.
File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Politicka Misla juli 2021.pdf

Size

1.39 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):5b23d717ada960bf248b5189fb43b588

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify