Заштитата на правата на доверителите во македонското наследно право:декор или чекор кон владеењето на правото, Охридска школа на правото – 2018
Date Issued
2018
Author(s)
Ангел Ристов
Abstract
Македонското наследноправно законодавство нема претрпено поголеми реформи повеќе од седум децении. Тоа е причината поради која постојното наследно право, во голема мера, се базира на принципите и решенијата од поранешниот социјалистички правен поредок и покрај промените во економскиот, правниот и политичкиот систем. Во услови на пазарна економија кога приватната сопственост има исклучително значење, ваквите решенија создаваат големи проблеми во практиката и во сферата на наследувањето. Старите решенија и правните празнини ја усложнуваат постапката за намирување на доверителите и ја обременуваат оставинската постапка создавајќи правна несигурност. И покрај тоа што законодавецот донесе одредени решенија за заштита на доверителите, тие никогаш не заживеаа во праксата. Поради тоа, евидентна е потребата од донесување на подробни и прецизни законски решенија со цел да се надминат проблемите поврзани со наследувањето на имотните обврски и остварување на правата на доверителите, со цел да не бидат само декор туку чекор кон владеењето на правото.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Ohrid School of Law 2018 Tom 8.pdf
Size
3.88 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2d5aee11f1bef3b0dd37094654e8d3b0
