Улогата на корпоративната безбедност во справување со современи безбедносни предизвици
Date Issued
2021
Author(s)
Тасевски, Душко
Abstract
Целта на овој труд е да ја претставиме улогата на корпоративната безбедност во делот на менаџирање на корпорациите за успешен просперитет на пазарот од аспект на внатрешни и надворешни закани кои и претстојат на една компанија. Давање на поголем акцент на корпоративната безбедност која најчесто е маргинализирана од страна на сопствениците и останатите гранки во корпорацијата, сметајќи ја за гранка која не е толку битна за да се даде поголемо значење. Вклучувањето на корпоративната безбедност во целиот систем на раководење на една корпорација претставува предизвик за менаџерите, а е неминовен дел за ефикасно менаџирање на безбедноста како дел од една компанија. Корпоративната безбедност е единственото решение кое гарантира мир, стабилност на внатрешни и надворешни вредности, како и стабилна економија која е значаен фактор без кој денешните мултинационални компании неможат да опстанат. Со критичка дискусија ќе се фокусираме на безбедноста на компаниите и критичните прашања кои го попречуваат нејзиното спроведување во делот на корпорацијата. Од аспект на физичката и информациската безбедност ќе се фокусираме на справување со современите безбедносни предизвици. Во дел од трудот ќе се фокусираме на теоретскиот пристап на безбедноста во компанијата, важноста, формите и квалитетите на добро поставените стандарди на корпоративната безбедност. Развивањето на дискусија околу постапките за безбедносните процедури на компанијата, во кои се планираат безбедносните процедури што треба една компанија да ги следи во рамките на корпорациската безбедност за вработените, клиентите и имотот. Овие постапки вклучуваат планирање, проценка и анализа на ризик, безбедносни мерки и безбедносни политики, спроведување и мониторинг на усогласеноста на безбедносните мерки/политики на една компанија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
dtasevski2021.pdf
Size
789.89 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):01092d486cec312c4c3718376992d6ef
