Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Economics
  3. Faculty of Economics 01: Books / Книги
  4. Анализа на поставеноста, перформансите и предизвиците во работењето на АЕК
Details

Анализа на поставеноста, перформансите и предизвиците во работењето на АЕК

Date Issued
2019
Author(s)
Василева, Весна
Abstract
Основна карактеристика на пазарот на електронските комуникации е неговата олигополизирана пазарна структура, која ја
наметнува потребата од воведување ex-ante регулатива и контрола на пазарот сo цел да се креираат услови за ефикасна и одржлива
конкуренција, заштита на благосостојбата на крајните потрошувачи и поттикнување на развојот на инфраструктурата во јавните
комуникациски мрежи, како и на воведувањето нови и современи телекомуникациски технологии и услуги по пристапни цени.
Во 2005 година, со донесувањето на Законот за електронските комуникации (ЗЕК) („Сл. весник на РМ“ бр.13/2005) се
формира и почна со работа Агенцијата за електронски комуникации (во понатамошниот дел од текстот АЕК) како надлежно независно
институционално тело задолжено за ефикасна примена на ЗЕК и управувањето со развојот на електронските комуникации во земјата.
Од основањето до денес, функционирањето на АЕК е постојано во фокусот на интересот на медиумите и пошироката
домашна и меѓународна јавност. Во изминатите десетина години, Агенцијата многу често беше предмет на критики и сомнежи во
поглед на нејзината независност, ефективност и ефикасност во работењето, и, особено, во поглед финансиските трошења и донации за
проекти и активности што не се поврзани со електронските комуникации.
Постигнувањето повисоко ниво на ефективност и ефикасност во работата во голем дел е условено од степенот на
автономијата и независноста на АЕК. Од друга страна, зголемената ефикасност во работењето на АЕК директно влијае врз
конкуренцијата на пазарот, во насока на обезбедување поквалитетни услуги, подобра понуда и пониски цени за крајните корисници.
Ова истражување се прави во рамките на проектот „Мониторинг за ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и
одговорноста на регулаторните тела АВМУ и АЕК – PROformance watch II. Целта на истражувањето е да даде целосна слика за
внатрешните и надворешните предизвици и пречки со кои се соочува Агенцијата во своето досегашно работење, од каде што ќе
произлезат и конкретни заклучоци и препораки за нивно надминување и постигнување повисоко ниво на ефикасност, ефективност,
транспарентност и успех во иднина. Во фокусот на ова истражување се следниве аспекти од работењето на регулаторот:
транспарентноста и отчетноста;
ефективноста и независноста;
перформансите и извршувањето;
заштитата на јавениот интерес.
Структурата на извештајот е следна: во првиот дел се презентирани методологијата на истражувањето и користените извори
на податоци и литература; во вториот и третиот дел се анализираат трендовите на пазарите за електронски комуникации во земјите
членки во ЕУ и карактеристиките на македонскиот пазар на електронски комуникации, соодветно. Во четвртиот дел се анализира
регулативата за електронски комуникации, во петтиот дел се анализираат ефектите од примената на регулативата врз конкуренцијата
на пазарот на електронските комуникации и грижата за интересот на крајните корисници (во смисла на обезбедување помногубројни,
поквалитетни, поевтини телекомуникациски услуги), во шестиот дел се анализираат независноста, организациската поставеност,
финансиското работење на Агенцијата, во седмиот дел се анализираат транспарентноста и отчетноста на АЕК, а во осмиот и последен
дел се сумираат заклучоците од истражувањето и се предложени одредени препораки.
Subjects

Пазар на електронски ...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Анализа-на-поставеноста-перформансите-и-предизвиците-во-работењето-на-АЕК.pdf

Size

1012.21 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):a74e7caa84ea0706bb8fc6799779a53f

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify