Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Economics
  3. Faculty of Economics 03: Journal Articles / Статии во научни списанија
  4. Фамилијарниот бизнис во време на ковид криза
Details

Фамилијарниот бизнис во време на ковид криза

Date Issued
2020-11
Author(s)
Николовска, Јасмина
Abstract
Фамилијарните бизниси се во фокусот на научната мисла поради нивната доминација во економските активности во светски рамки. Без разлика на големината фамилијарните бизниси се поврзуваат со малите бизниси, а во време на криза малите бизниси се сметаат за поранлиниви пред сè поради ограниченоста на ресурсите. Современите анализи го големуваат разбирањето на фамилијарните бизниси, па соодветно се наметнуваат теми кои се актуелни, како: фокус на генерациски транзиции, наместо на бизнис-сукцесија; менаџерскиот тим и сопственоста како развојна норма; стратегиското планирање во фамилијарниот бизнис; унапредување на финансиската софистицираност; професионален
менаџмент; улоги кои го заменуваат пензионирањето; улогата на жените; професионални услуги на фамилијарниот бизнис и зголемување на понудата за едукација и консултантски услуги во фамилијарниот бизнис. Уште повеќе моменталнта криза наметната од КОВИД пандемијата претставува своевиден акцелератор на потребата за дополнителни
истражувања и разработување на овие сегметни. Во рамките на овој труд согледани се основните параметри кои се поврзани со успехот на фамилијарните бизниси, пред сè во во услови на пандемија која подразбира криза. При статистичката обработка се дојде до неколку интересни резултати. Најголемиот дел од компаниите сметаат дека се подготвени за соочување со предизвиците поврзани со сопственоста, управувањето и стратегијата на бизнисот, додека подготвеноста за процесите поврзани со сукцесијата се многу ограничени. Во делот на тоа како ја доживуваат КОВИД кризата нема позначани разлики помеѓу
фамилијарните и нефамилијарните бизниси, при што најголем број оценуваат дека значајно влијае врз нивното работење. Ваквите резултати може значително да се променат доколку истражувањата се спроведат во една поширока временска рамка, односно кога бизнисот ќе има поголемо искуство со кризата
Subjects

фамилијарен бизнис, с...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

6.1 2020 Godisnik.pdf

Size

1.09 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):0040c444c3bd8b813e8251dfcc09b150

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify