ЧАЛГИСКАТА МУЗИЧКА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ПРИМЕРОТ НА ОХРИДСКАТА ЧАЛГИЈА
Date Issued
2017
Author(s)
Димитријевски, Александар
Abstract
Чалгиската музичка традиција претставува еден од најуникатните сегменти од Македонскиот музички фолклор првенствено поради своето потекло и начин на инкорпорирање во музичката култура, а од друга страна и поради својата испреплетеност на музички влијанија од поблиските и подалечните источни и западни култури, но и поради репертоарот во кој се содржани разновидни музички примери. Во тој контекст, чалгиската музика во Македонија е претставник на урбаната музичка култура во најголема мера во периодот од втората половина на 19век и првата половина на 20век. Таа била распространета во најголем број градови во Македонија, но чалгиската музичка традиција од градот Охрид како една од најрепрезентативните и најпрочуените претставува доминантен преставник на македонската чалгиска традиција воопшто. Во овој труд ќе се обидам да го детерминирам местото и улогата на Охридската чалгиска музичка традиција, нејзините најистакнати претставници- изведувачи, како и нејзиниот карактеристичен репертоар.
