ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА, ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ВИДЛИВОСТА И ЕВАЛУАЦИЈА НА ИСТАТА ВО ПОГЛЕД НА МАТЕРИЈАЛИ И НАЧИН НА ВГРАДУВАЊЕ
Date Issued
2019-11
Author(s)
Османли, Ј., Мемеди, Б., Мијоски, Г., Кадриу, Г.
Abstract
Хоризонтална сигнализација кај патиштата од аспект на сообраќајна потреба, претставува
безбедносна и регулативна мерка, како за сообраќајните текови, така и за сообраќајниот систем
во целина.Задачата на хоризонтална сигнализација е на сите учесници во сообраќајот да им ги
укаже и предочи габаритите, намената и простирањето на сообраќајните површини во сите
временски услови и воедно да овозможи безбеден проток на возилата, како и сигурно и удобно
чувство на возачот. Хоризонтална сигнализација во светот и кај нас се изведува од најразлични
материјали меѓутоа секогаш како комбинација од две компонентни целини и тоа:
1. ”Носач” како главен носител на визуелна ефективност и
2. Дополнителни елементи во “носачот”(перла и елементи за зголемување на триењето).
Во овој труд хоризонталната сигнализација ќе биде квалитативно и квантитативно разгледана
од аспект на: материјалите, начините на вградување и нивната евалуација во поглед на
безбедноста, видливоста, трајноста и економичноста на истите, од аспект на ретрорефлексија и
во услови на намалена видливост.

Subjects