ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА НА ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Date Issued
2017
Author(s)
Катерина Шапкова Коцевска
Abstract
Ефектуирањето на заштитата на човековите права
предвидени во Европската конвенција за човекови права и основни слободи
од 1950 година претставува пред сè правна, но и цивилизациска
придобивка. Европскиот суд за човекови права е носечка институција на
овој систем, каде во крајна инстанца се гарантира заштита на правата
и слободите на индивидуата во однос на државите – договорни страни
на Конвенцијата.
Вкупниот број на пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се
однесуваат на Република Македонија во периодот од ратификацијата на
Конвенцијата до 2016 година изнесува вкупно 133. Најголемиот дел од
овие пресуди се однесуваат на повреда на членот 6 од Европската
конвенција за човековите права, конкретно за повреда на правото на
правична судска постапка. Дури 118 од овие пресуди наоѓаат најмалку
една повреда на Конвенцијата, односно во 89 проценти од вкупниот број
на пресуди на судот во Стразбур кои се однесуваат на Република
Македонија е констатирана повреда на некое право заштитено со
Конвенцијата.Сепак, правораздавањето не е бесплатно и создава низа
директни и индиректни трошоци. Како пример за директен трошок
можат да се издвојат директните издатоци кои треба да бидат
покриени од страна на одговорната држава во случај кога Судот
утврдува дека има повреда на некое од правата заштитени со
Конвенцијата. Во оваа категорија на трошоци се евидентираат
издвојувањата за исплата на нематеријална штета, трошоци и
надоместоци поврзани со судската постапка, банкарски провизии,
камати, останати такси и др. Трудот има за цел да ги процени
економските ефекти од пресудите на Европскиот суд за човекови права
против Република Македонија во периодот од 1997 до 2016 година.
Анализата ги опфаќа сите пресуди достапни на HUDOC базата со
податоци.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
3-rd international scientific.pdf
Size
5.06 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):65303e8b927ca671a96760fdb6f0174e