Илинденското востание (1903)
Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Македонското револуционерно движење од крајот на XIX и почетокот на XIX век и Илинденското востание како негов највисок дострел се вбројуваат меѓу најобработуваните теми во македонската и бугарската историографија, но и пошироко. Во многубројните трудови посветени на Илинденското востание, се обработени разни аспекти, но, тоа не значи дека темата е исцрпена, или пак, дека е даден конечен одговор на многу отворени прашања. Иако основните постулати по кој знае по кој пат се преповторени и уште на толку начини различно интерпретирани, самиот факт што оваа тема предизвикува голем интерес, доволно говори за нејзината актуелност, но и дека има уште многу за истражување, анализирање и толкување. Преку овој прилог кон оваа широка тема, не претендираме кон нејзино сестрано разгледување, или некаква ревизија на напишаното, ниту пак во панегирична форма да го воспеваме херојството и саможртвата, туку пред сè, да се задржиме не некои аспекти како дошло до одлуката за Илинденското востание и на неговите крајни ефекти, но и да укажеме на некои наметнати стереотипи кои се издигнати на ниво на парадигма и се уште се провлекуваат како такви.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
17. Илинденското востание (1).pdf
Size
257.77 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):aac572a584ffc2de66714e3b10337785
