Влијанието на глобализацијата врз македонското семејство
Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Процесот на глобализација свои највидливи влијанија оствари на преминот од 20 во 21 век, иако и поранешните појавни облици на глобализацијата беа присутни во целиот свет.
Македонското семејство беше подложно на трансформација најмногу поради промените што настанаа во општествениот систем (трансформација на сопственоста од државна во приватна, плурализација на општеството во сите сфери, прифаќањето на меѓународен модел за односите меѓу луѓето).
Големо беше и влијанието на глобалните процеси и текови , посебно во делот на обезбедување информации за философијата на семејното живеење во светот, животниот стандард на семејството и нeговите членови, за општиот систем на вредности и за семејните вредности, како и за ризиците и опасностите со кои мораше да се соочи во основа, традиционалното македонско семејство. Предмет на овој труд ќе бидат прашањата на влијание на глобализацијата врз македонското семејство, посебно во делот на односите меѓу семејствотo и општеството и односите внатре меѓу членовите на општеството.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ВЛИЈАНИЕТО НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ВРЗ МАКЕДОНСКОТО СЕМЕЈСТВО.docx
Size
37.39 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):e6a4641d1f1ee802a5860e888077952a