Нумеричка анализа на филтрацијата под телото на гравитациона бетонска брана
Date Issued
2021
Author(s)
Благица Данова, Стевчо Митовски, Љупчо Петковски
Abstract
Примарна цел на нумеричката анализа на браната е да се утврди конструкциската (статичка и динамичка) стабилност, како и филтрационата стабилност на браната и на основата. Во конкретниот случај, во рамки на моделирањето е ставен акцент на однесувањето на основата под телото на браната при дејство на филтрациониот тек. Според напредниот пристап за анализа на браните, анализата се извршува преку моделирање со помош на нумерички апарат во облик на програмски модули. Целта е со примена на нумерички модел, базиран на МКЕ, да се придонесе кон методологијата за определување на филтрационата стабилност на основата под браната.
Анализиран е конкретен случај на бетонска гравитациона брана на нестеновита основа. Во нумеричката анализа се применети програмските модули SEEP/W и HYDRA, со чијашто помош се генерирани најважните резултати во домен на решавање на проблемот со филтрацијата: (а) вредности на потенцијалот; (б) големини на порниот притисок; и (в) вредности за излезниот хидраулички градиент. Наведените излезни резултати се споредуваат на рамниште на случаи (случај бр. 1 и случај бр. 2) и на рамниште на програмски модули, односно се споредуваат резултатите од секој поединечен случај помеѓу модулот SEEP/W и модулот HYDRA.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
09 5 Kongres za brani2021.pdf
Size
5.26 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4002233b34c066e24ce3510f9243d92d