Ставови на родителите на деца со интелектуална попреченост и стручни лица кои работат со нив по однос на сексуално воспитание
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Ставовите по прашањето на сексуалноста на лицата со интелектуална попреченост многу бавно и малку се менуваат. Сексуалноста на овие лица е табу тема и во дневните центри каде се одвива нивниот третман, но и во нивните семејства. Истражувањето имаше за цел да утврди дали вработените во дневните центри во Куманово, Велес, Битола и Крива Паланка се подготвени за реализација на активности од подрачјето на сексуалното воспитание. Со истражувањето беа опфатени 64 родители на деца со умерена и тешка интелектуална попреченост и 19 лица вработени во дневните центри кои директно се вклучени во нивниот третман. И двете групи испитаници сметаат дека активностите од областа на сексуалното воспитание треба да се применуваат, но како предуслов треба и вработените во дневните центри и родителите треба да поминат обуки за нивна примена. Како дополнителен проблем е недостатокот на нагледни средства за реализација на овие активности.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Ставови на родителите на деца со интелектуална попреченост и стручни лица кои работат со нив по однос на сексуално воспитание.pdf
Size
1.52 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f6d80c66c0ccabe826b3a5f2cc78ed88
