Принципите на магијата во разбирањето на потеклото на религијата
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Поимањето на „природно“ и „натприродно“ во примордијалното разбирање на реалноста се покажани преку гледиштата на класичните автори од полето на теориите за потеклото и за природата на религијата (Тајлор, Фрејзер, Диркем, Џевонс итн.). Сфаќањето на (нат)природните сили и верувањето во онтолошки доминантно постоење на архаичните религиозни луѓе потоа се прикажани како принципи преку кои нивните верувања за нивната врска со светот и позицијата во него можат да бидат резимирани. Идеите дека homo religiosus, преку серии ритуални дејства, темелно планирани и прецизно контролирани, има способност да утврди функционална и плодна врска со (нат)природната сила (или сили) се наоѓаат во основата на верувањето во магијата, а исто така и делумно во раните форми на религија. Поентата и целите на сериите на магиските миметички дејства во рамките на позитивниот култ се прикажани преку резимеата на Фрејзер и Мос и Убер, и преку сличностите и разликите меѓу нивните дефиниции на принципите на магијата.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
X. 03. Principite na magijata_Zbornik FZF.pdf
Size
429.34 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):321bcfb600a728aaf5a1b2d3488ef44e
