Концептот на „суштествена повреда“ на договорот согласно член 25 од Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје, том 56. 2021
Date Issued
2021
Author(s)
Abstract
Процесот на унификација на меѓународното трговско право има за цел да ги отстрани разликите кои постојат во националните права, и следствено да ја отстрани неизвесноста за меродавно право врз деловните односи помеѓу трговците. Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки од 1980 година (Виенска конвенција) до денешен ден претставува најуспешниот механизам за унификација на меѓународните договори за продажба на стоки. Со оглед на разликите кои постојат во националните законодавства како резултат на различните историски, социјални и економски фактори, авторите на Конвенцијата биле исправени пред огромен предизвик да изготват инструмент кој ќе ги земе предвид овие разлики и ќе понуди решение кое ќе биде прифатливо за сите држави. Низ долг процес на дијалог, работната група успеала да ги надмине овие разлики нудејќи инструмент кој има широка распространетост и прифатеност низ целиот свет.
Носењето на Конвенцијата неминовно значело и воспоставување иновативни правни концепти кои немаат никаква историска поврзаност со постоечките правни системи и кои ќе се развиваат под влијание на процесите и трендовите во меѓународната трговија, изолирани од националните права на државите членки. Од бројните иновативни концепти, ниту еден не привлекува толкаво внимание како концептот на „суштествена повреда“. Поради тоа, истиот ќе биде предмет на анализа на овој труд. трудот најпрво го дефинира концептот на суштествена повреда и неговото значење за меѓународната продажба на стоки. Понатаму, во трудот се анализираат елементите на концептот на теоретско ниво, пред да се анализираат случаи кои може да се окарактеризираат како суштествена повреда на обврските на договорните страни – купувач и продавач.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Godisnik ljuben kocev.pdf
Size
301.63 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):422b53151e18a6cc5ce204140f557ce9