Страбизам и рефрактивен статус кај Down синдром
Journal
Vox Medici
Date Issued
2010
Author(s)
Љубиќ, Антонела
Тојтовска, Билјана
Abstract
Цел: Langdon-Down синдромот (ДС) или трисомија 21, претставува најчеста аберација на автозомните хромозоми. Нарушувањето на окуларниот мотилитет во популацијата со ДС се јавува во повисок процент во однос на општата популација (20-57%). Kaj популацијата со ДС во споредба со опиггата здрава популација, исто така, почесго се присутни рефрактивни аномалии. Целта на нашата сгудија беше да се утврди кои рефрактивни аномалии се најчесги кај одделни форми на страбизам кај македонската и хрватската популација со ДС.
Методи: Во епидемиолошката, популациски базирана, пресечна студија беше вклучена група со 108 испитанци со ДС од Република Македонија и контролна група со 64 испитаници со ДС од Република Хрватска. Испитаниците беа на возраст од 1,9 до 41 година. Кај секој испитаник беше направен комплетен офталмолошки преглед кој вклучуваше: преглед на предниот, средниот и задниот очен сегмент, проценка на окуломоторната равнотежа како и преглед на рефрактивниот статус во краткотрајна циклоплегија. Анализирана беше дисгрибуцијата на одделни форми на страбизам, во однос на рефрактивниот статус, односно хиперметропијата, миопијата и еметропијата.
Резултати: Во испитуваната група езотропијата во 41.9% (9/22) беше асоцирана со хиперметропија, во 36.3 % (8 /22) беше асоцирана со миопија. Во контролната група езотропијата во 76.9% (10/13) беше асоцирана со хиперметропија и 23.1% (1/13) со миопија. Во испитуваната група, егзодевијациите во 61.5% (8/12) беа асоцирани со хипеметропија.
Заклучок: Езотропиите кај македонската популација со ДС речиси под еднакво се асоцирани со хиперметропија и миопија, додека егзодевијациите за разлика од општата популација, во поголем процент се асоцирани со хиперметропија. Во хрватската популација со ДС езотропиите се асоцирани со хиперметропија.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Ljubic,Trajkovski,Tojtovska-Refraktiven status kaj Down sy-Vox Medici-mart 2010.pdf
Size
6.01 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):289b36f072b750175e5ad9179a769cda