Ефектот од терапијата со кучиња врз децата со попреченост
Date Issued
2020
Author(s)
Арифи, Ваљмира
Abstract
Терапијата со кучиња претставува примена на специјално тренирани и обучени кучиња за постигнување општа добросостојба или лекување кај различни категории на луѓе. Како и другите животни користени во тераписки цели, кучињата прифаќаат, нудат утеха, не осудуваат и се одлични придружници за време на третманот и терапијата. Овој истражувачки проект е квалитативна студија која за цел го имаше истражувањето на ефектот од терапијата со примена на куче врз учениците со попреченост. Реализирањето на истражувањето се случи во рок од три месеца. Истражувањето се реализираше кај деца со посебни потреби, конкретно кај децата со проблеми во говорот, моториката и социјализацијата на возраст помеѓу 7 и 8 години од страна на дефектолог и искусен обучувач во Пет центарот „АвАв Хепи Дог“ во Скопје. Примерокот се состоеше од контролна и експериментална група, секоја составена од по два ученика со пречки во развојот. Експерименталната група беше подложена на терапија со примена на куче, додека пак контролната со класичен дефектолошки третман. Пред почетокот на третманот беше направено контролно проценување на моторните, говорно-јазичните способности и начинот на однесување при секојдневните активности на децата, истите проценки се спроведоа и на половина од третманот (после 1.5 месец) и на крај на третманот. За секоја тераписка група беа дефинирани цели на третманот, во зависност од резултатите на проценките на децата, групите беа изедначени според способностите на испитаниците. За време на третманот во експерименталната група беа користени три кучиња. Целиот студиски процес беше следен користејќи аудио и видеозаписи и фотографии на децата. Во текот и на крајот на оваа студија, вклучувањето на куче додека се реализираа дефектолошки вежби со децата имаше позитивно влијание и даваше подобри резултати во третманот на децата со пречки во развојот. Односно, присуството на куче, интеракцијата и зборувањето со него на децата им даваше волја и желба да го користат говорот во секојдневните активности. Потоа, вклучувањето на куче во процесот на рехабилитација кај децата со проблеми во моториката не донесе промени во развојот на моториката, но кучето ги мотивираше децата да учествуваат во терапијата (вежбите). Преку примената на куче во активностите за социјална интеракција, констатиравме дека присуството на куче овозможува социјална поврзаност дете-куче-врсник, и дека интеракцијата на децата меѓусебе е во позитивен аспект.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
vaarifi2020.pdf
Size
1.99 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):05da420c19fccf86e3fe79982261fcf8
