Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Корелација на родилната асфиксија со моторните нарушувања
Details

Корелација на родилната асфиксија со моторните нарушувања

Date Issued
2019
Author(s)
Велиновска, Марија
Abstract
Вовед: Асфиксија е состојба на плодот кога е прекината плацентарната или пулмоналната размена на гасови и таа резултира во прогресивна хипоксија, хиперкапнија и ацидоза. Резултатите од родилната асфиксија може да варираат од отсуство на трајна последица до тешки, постојани пречки. Длабока повреда на мозокот која настанува по родилна асфиксија може да напредува кон трајно оштетување на мозокот и долгорочни состојби, како што е церебралната парализа. Квалитетен живот на едно дете кое има моторни нарушувања и кое има ограничувања во движењето подразбира обезбедување на пристапна средина без физички бариери, квалитетно образование и достапен и соодветен третман.

Цел: Целта на ова истражување е да се утврди зачестеноста на моторните нарушувања со родилната асфиксија и поврзаноста на родилната асфиксија со развојот кај децата и да се утврди видот и степенот на моторното нарушување.

Методи: Применивме анализа на документација на вкупно 90 родилни картони. Анализиравме податоци на 50 испитаника кај кои до моментот на истражувањето не е поставено сомнение ниту дијагностицирано било какво моторно нарушување. Овие податоци се споредуваа со податоците добиени од 40 испитаника кај кои веќе е дијагностицирано и категоризирано моторно нарушување. Со цел да се доведе во корелација, односно да се истражи дали моторното оштетување е последица на асфиксија и какви реперкусии дава врз моторниот, когнитивниот, сентилниот и социјалниот развој спроведовме и интервју со 40 семејства на деца со моторни тешкотии.

Резултати: Кај испитаниците беа евидентирани различни моторни состојби кои беа класифицирани во 7 типа на моторни нарушувања. Најчеста форма на моторно нарушување кое се појави во нашето истражување е церебрална парализа од спастичен тип. Со анализирање на дополнителните фактори кои влијаат на родилната асфиксија не е пронајдена статистички значајна поврзаност помеѓу асфиксијата и текот на бременоста. Типот на нарушување не може да се поврзе со времето на породување и се темели, според податоците добиени од родителите.

Од аспект на следење на развојот и тешкотиите кои се забележуваат кај децата од страна на родителите, добиени се податоци за доцнење во делот на развојот на грубата и фината моторика што е сосема очекувано со оглед на типот на нарушување кој е присутен кај децата. Освен тешкотии во моторниот развој кај дел од децата, се забележуваат и тешкотии во интелектуалното функционирање, односно децата имаат и сетилни тешкотии. Тоа посочува на фактот дека асфиксијата довела до комбинирани тешкотии, според податоците добиени од родителите.

Заклучок: Родилната асфиксија значително влијае врз развојот на моторните способности на децата. Децата родени со асфиксија во значителна мера покажуваат моторни нарушувања и тешкотии од различен степен и вид и истите се поврзуваат степенот на родилна асфиксија. Квалитетот на живот на децата со моторни нарушувања не го постигнува потребното ниво, поради недостаток или непостоење на соодветен систем за детекција, третман и едукација. Од таму, голем број на деца со моторни тешкотии не ги реализираат своите капацитети во целост.
Subjects

родилна асфиксија, мо...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

mavelinovska2019.pdf

Size

2.3 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):95b102e5a9a9d6c49bcb9991a6ad90db

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify