Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Процес на регрутирање и селекција на човечки ресурси во ИТ-претпријатија
Details

Процес на регрутирање и селекција на човечки ресурси во ИТ-претпријатија

Date Issued
2020
Author(s)
Мирчовска, Фимка
Abstract
Регрутирањето и селекцијата се едни од потешките и позначајните процеси на секое претпријатие од информатичката технологија (ИТ). По завршувањето на процесот на регрутација следи процесот на селекција, па секогаш ИТ претпријатието треба да биде добро подготвено и правилно да ги изврши овие комплексни процеси со цел да се вработат „вистински луѓе“ на „вистински работни места“. Овие процеси се склони на грешки, кои за последица можат да прикажат вработување на неквалитетни ИТ човечки ресурси, кои значително можат да влијаат врз идната продуктивност на ИТ претпријатието, тимската работа, мотивацијата и задоволството на сите вработени.
Во магистерскиот труд се согледуваат ИТ претпријатија и се добиваат веродостојни резултати во однос на актуелната состојба на истите во РС Македонија и создавање на идни препораки за развој на ИТ претпријатијата. Овие препораки можат да им помогнат на ИТ претпријатијата за трансформирање на нивниот постоен систем на менаџмент на човечки ресурси во нов, иновиран и подобрен систем кој на пофункционален начин ќе ги врши процесите на регрутирање и селекција на кадри во ИТ секторот.
Во трудот се употребени бројни методи на истражување како аналитички основни методи (анализа, специјализација и дедукција), синтетички основни методи (конкретизација, генерализација и индукција), а воедно ќе се користи и статистичка обработка преку две техники на истражување: анкетен прашалник (наменет за кандидати и вработени) и структурирано интервју (наменето за менаџери на МЧР) чии резултати се основа за идните нумерички показатели.
Резултатите од истражувањето потврдија дека процесите на регрутација и селекција во ИТ претпријатијата во РСМ се на високо ниво, но сепак постојат минимални потреби за воведување на промени и подобрување во иднина со цел за правилен начин на селекција и вработување на кандидатите. Со тоа ИТ претпријатието има можност да ја зголеми продуктивноста, тимската работа, мотивацијата и задоволството на сите вработени.
Subjects

менаџмент на човечки ...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

fmirchovska2020.pdf

Size

1.29 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):664c0acdef43b75b0ae07e10b8acfc19

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify