Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Интелектуална попреченост кај лицата со ментално нарушување
Details

Интелектуална попреченост кај лицата со ментално нарушување

Date Issued
2017
Author(s)
Вујовиќ, Миодраг
Abstract
Вовед: За успешен третман на било кое нарушување, состојба или болест потребна е навремена детекција и точна дијагностика. Токму ова недостасува кај лицата со двојна дијагноза на интелектуална попреченост и ментално нарушување, како во Македонија така и ширум светот. За да се надминат недостатоците во третманот, како и да се подобри квалитетот на живеење на овие лица, потребно е истите навреме да бидат детектирани, а потоа да се пристапи кон дијагностицирање и изработка на план за третман на истите.
Цел: Главната цел на ова истражување е добивање резултат за застапеноста на интелектуалната попреченост, кај институционализирани лица со ментални нарушувања и тоа врз основа на видот на менталното нарушување, возраста и полот на лицето. Исто така една од главните цели претставува и приказот на менталната детериорација кај лицата со ментално нарушување, како и нејзината поврзаност со возраста на лицата со ментално нарушување. Покрај основните цели, истражувањето како и истражувања на оваа тема ширум светот, треба да послужат за подигање на свесноста за разновидноста и атипичната презентација на пациентите со двојна дијагноза на интелектуална попреченост и ментално нарушување.
Методологија: За остварување на целта и задачите на ова истражување беа тестирани 50 лица со различна дијагноза на ментално нарушување, различна возраст и пол. Примерокот кој учествуваше во ова истражување беше пригоден примерок, односно лица кои во моментот на истажувањето беа хоспитализирани во подолу наведената јавна здравствена установа. Истражувањето се одвиваше во ЈЗУ Психијатриска болница ,,Скопје“ од Скопје. За прибирање на податоците во ова истражување како и за постигнување на целите на истражувањето, беа користени два метода, три техники на истражување и два инструмента. Од методите во текот на ова истражување се користеа, метод на компаративна анализа и метод на корелативна анализа, додека од техниките беа користени анализа на документација, тестирање и анкета. Како најпогодни инструмети за ова истражување се одлучлив за тестот за мерење на коефициентот на интелигенција и степенот на ментална детериорација кај испитаниците - Витим (Векслеров индивидуален тест на интелигенција за македонска популација) и Демографски прашалник со кој се утврдуваа основните демографски карактеристики на испитаниците. Со помош на овие два инструмента беа добиени најбитните податоци за постигнување на целите на истражувањето кои понатаму се обработија и од кои произлегоа резултатите од истражувањето.
Резултати: Обработката на податоците во студијата покажа дека значаен дел од лицата со ментално нарушување немаат интелектуална попреченост како втора дијагноза (p=0,0001), но кај популацијата со ментални нарушувања во значајно поголема мера ќе има појава на интелектуална попреченост во споредба со општата популација (p=0,00096). Видот на менталното нарушување влијае на појавноста на интелектуална попреченост (p=0,015). Полот (p=0,683) и возраста (p=0,669) на лицата со ментално нарушување не влијаат на појавноста и степенот на интелектуална попреченост. Не постои статистички значајна поврзаност помеѓу појавноста и степенот на ментална детериорација и интелектуалната попреченост кај лицата со ментално нарушување (p=0,921) и појавноста на истата не зависи од полот (p=0,606) и возраста (p=0,649) на лицата со ментално нарушување.
Заклучок: Со оглед на тоа дека во установите за лица со ментални нарушувања постои голем број на лица кои покрај менталното нарушување имаат и интелектуална попреченост како втора дијагноза, може да се каже дека се потребни уште многу истражувања кои со своите резултати ќе помогнат подобро да се разбере состојбата и потребите на овие лица, со што би се подобрила и дијагностиката и третманот, како и квалитетот на нивното живеење.
Subjects

интелектуална попрече...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Miodrag Vujovikj-magisterska finalna.pdf

Size

1.58 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):98a95077ee1e88f390ae58108a7871c0

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify