EXPLORING THE LINK BETWEEN BRAND AWARENESS AND CONSUMER INVOLVEMENT IN SOCIAL MEDIA INFLUENCER FOLLOWING
Journal
ANNUAL OF THE FACULTY OF ECONOMICS-SKOPJE
Date Issued
2023
Author(s)
Abstract
Маркетингот преку инфлуенсери неизбежно се поврзува со социјалните медиуми бидејќи инфлуенсерите зависат од социјалните медиуми за да стекнат популарност, додека платформите на социјални медиуми стануваат атрактививни за публиката преку содржината објавена од активните инфлуенсери. Инфлуенсерите претставуваат создавачи на содржина. Тие се личности кои имаат статус на експерт во специфична област, со голем број следбеници и претставуваат значаен маркетиншки ресурс за брендовите. Имајќи предвид дека главните цели на бренд-кампањите кои вклучуваат активности на маркетинг преку инфлуенсери се зголемување на свесноста за брендот, предмет на овој труд претставува свесноста за постоење на брендот, при што целта е да се утврди дали постојат разлики во свесноста за постоење на брендот кај корисниците на социјалните медиуми со различно нивно на вклученост во следењето на инфлуенсерите на Инстаграм. Преку примена на методот АНОВА тест на примерокот од 76 активни корисници на Инстаграм се потврди дека постојат значајни разлики во свесноста за постоење на брендот помеѓу корисниците на Инстаграм со различни нивоа на вклученост во следењето на инфлуенсерите. Овие резултати даваат значајни сознанија кои ја збогатуваат научнатата литература, но истовремено претставуваат и водич на маркетинг-активностите на компаниите кои целат кон создавање свесност за постоење на брендот.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2023 Godisnik.pdf
Size
3.3 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):aad4bfc80aa772b02b6215cf292aed54
