Макроекономска стабилност и анемичен економски раст – некои „нелогичности“ во македонската економија
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Македонската економија во изминатите 15-20 години се карактеризира со нагласена макроекономска стабилност и анемичен економски раст. Имено, во сите сегменти од економијата е присутна стабилноста: реалниот сектор оперира во амбиент на релативно висока ценовна стабилност; во екстерниот сектор имаме стабилен девизен курс, релативно низок и одржлив дефицит на тековната сметка од билансот на плаќање и солвентна позиција на надворешната задолженост на економијата; фискалниот сектор воглавно се карактеризира со урамнотежени буџетски салда и релативно низок јавен долг; банкарскиот сектор не претрпе позначајни потреси и остана стабилен одржувајќи високи вредности на иникаторите за стабилност.
Сепак, ваквата изразена стабилност не беше следена со остварување на позначајни стапки на економски раст, туку напротив македонската економија во изминатите две децении растеше со умерено и незадоволително темпо, реализирајќи мало придвижување во реалната конвергенција кон ЕУ. Ваквата состојба пркоси и делумно противречи на бројните теоретски и емпириски истражувања кои укажуваат на позитивната и поттикнувачка врска помеѓу макроекономската стабилност и економскиот раст. Слабата функционалност на горната врска во основа го поставува прашањето: дали пренагласената макроекономска стабилност во македонската економија дејствува ограничувачки на економскиот раст, или проблемот со недоволниот раст треба да се бара во други сегменти од македонската економија, прифаќајки дека макроекономската стабилност е потребен, но не и доволен услов за остварување на економски раст. Трудот нема за цел да даде целосен одговор на прашањето, туку настојува да идентификува одредени нелогичности во политиките и движењата во македонската економија кои можат да помогнат во објаснувањето на слабата функционалност на врската макроекономска стабилност – економски раст. За таа цел предмет на анализа е банкарскиот и нефинансискиот сектор од аспект на нивната ликвидност, профитабилност и поврзаност, настојувајќи да се објасни состојбата на преликвидни и истовремено профитабилни банки, а неликвиден корпоративен сектор. Високата ликвидност на банкарскиот сектор истовремено ја детерминира и поставеноста на монетарната политика, која честопати дејствува проциклично на движењата во македонската економија и во услови на de facto фиксен девизен курс ги одржува каматните стапки на релативно повисоко ниво. Трудот настојува да утврди нелогичности и во екстерниот сектор, анализирајќи ги приливите и одливите по основ на странски директни инвестиции во услови на ниско даночно оптоварување, како и релативно подолготрајната нето-штедачка позиција на приватниот сектор.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Зборник МАНУ 2019.pdf
Size
20.16 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ba6031e95c37758d381189b8d16377e8