Методи за определување на капацитетот и оптималното растојание помеѓу сливници за прифаќање на атмосферски води
Journal
Научно стручно и информативно списание ПАТИШТА
Date Issued
2022-05
Author(s)
Abstract
Основен услов при димензионирање на системот за одведување на површинските води кај патиштата е да атмосферската вода од асфалтните, поплочените површини, парковите и слично да се прифати со соодветни објекти и истата навремено да се пренесе во колекторскиот систем од цевки. Целта на овој труд е да се даде препорака за правилно димензионирање на објектите кои служат за прифаќање на атмосферските води – сливниците, исто така ќе се даде препорака за избор на критериуми за определување на хидрауличката ефикасност на сливниците и определување на нивното меѓусебно растојание од аспект на целосно прифаќање на атмосферските води. Во трудот е применета општата равенка на Рационалната метода за определување на количината на паднат дожд и од истата со познати методи од хидрауликата по пат на интерации се дадени равенките за определување на капацитетот на сливниците и равенките за определување на нивното меѓусебно оптимално растојание.
Subjects
