Flood protection of the right riverbank of the r. Zrmanja in Obrovac, Croatia
Date Issued
2014
Author(s)
Ljubenkov, Igor
Papić, Jovan
Abstract
Реката Зрмања е една од најдолгите во Далмација, која претежно протекува низ карстен терен. Околу 12 km возводно од вливот во Јадранско море, таа протекува низ градот Обровац кој е најголем град по нејзиното течение. На 5 km возводно од градот се наоѓа реверзибилна хидроелектрана ХЕПП Разовац со брана и ретензија која го регулира дотокот на вода во градот од реката и морето. Во градот се наоѓа и мерна станица, веднаш низводно од главниот мост.
Двата брега во Обровац се регулирани, но десниот е премногу низок токму пред мостот, па неретко се поплавува. Тука се лоцирани Градското собрание и Дoмот на културата, па во такви услови постојани трпат штети од поплави.
Целта на трудот е да се претстават хидролошките и геотехничките услови во Обровац и да се предложат мерки за подигање на заштитата од поплави на повисоко ниво. Во тој контекст, подготвени се неколку решенија на еднакво техничко ниво и истите ќе бидат опишани во трудот, вклучувајќи ги и нивните предности и недостатоци.

Subjects