Благодарноста бргу старее Ob ingratitudinem
Date Issued
2020
Author(s)
Ангел Ристов, Дејан Мицковиќ
Abstract
Во последните децении пред македонските судови зачестија споровите за отповикување на договорот за дар поради крајна неблагодарност на даропримачот. Овој правен стандард, кој треба да биде утврден во секој конкретен случај, различно се толкува од страна на домашните судови, што доведува до неусогласеност на судската пракса и правна несигурност. За ваквата состојба придонесе и законодавецот кој во општите одредби на ЗОО го избриша општествениот морал како извор на облигационите односи, заменувајќи го со добрите обичаи кои произлегуваат од него и со јавниот поредок. Сепак, законодавецот не го избриша во целост моралот оставајќи го во уредувањето на одредени начела и прашања. Поради ова, како и фактот што законодавецот не појаснува изречно што се подразбира под крајна, односно голема неблагодарност, во домашната судска пракса превагнува становиштето според кое под крајна неблагодарност се подразбира сторено кривично дело против здравјето, имотот, слободата, честа и угледот на дарувачот или негово блиско лице. Од друга страна, во последните години значително се променија општествените и семејните односи, поради кои моралните вредности и обврски се помалку се почитуваат. Во трудот авторите ги анализираат законските решенија со кои се уредува отповикувањето на дарот поради крајна неблагодарност на даропримачот и решенијата на судската пракса, со цел да се надминат постојните проблеми поврзани со моралот како извор на облигационото право, за секој да си го добие заслуженото право - ius suum quique tribuere.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Zbornik UGD 2020.pdf
Size
10.08 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f70fed4a05f17c59b67b538c2b469614
