Популарната музика во танцовиот медиум на примерот на Македонија
Date Issued
2015-11
Author(s)
Здравкова-Џепароска Соња
Abstract
Современата уметност ги ревидира границите и стандардите иманентни на класичното творештво. Конекцијата на класичната музика и „најелитниот“ танцов уметнички вид веќе не е новина, туку општоприфатена пракса. Македонската современа продукција независно дали е поврзана со единствената професионална балетска куќа или со независните центри ја потврдува оваа тенденција која има прогресивна динамика. Се повеќе кореографи се афектирани од популарното. Доколку за тоа бараме причини, тие пред се се рефлектираат во новите естетски тенденции, вкусовите на публиката, но и потребата да се создаде атрактивен, свеж, привлечен за аудиториумот продукт. Сепак „поигрувањето“ со елементите на популарната култура треба да биде дозирано и внимателно, во спротивно тоа преминува комплетно во оваа сфера и се претопува со неа.
Subjects
