Историскиот развиток на етно-политичките заедници во Македонија до крајот на раниот Среден век
Date Issued
1997
Author(s)
Зоговиќ, Соња
Abstract
Движечките сили на историските процеси cg своите делувава доведуваат до смена на општествените формации и влијаат врз појавата и развитокот на етногенетските процеси кои од своја страна ja обликуваат етничката историја на етно - политичките заедници. Балканскиот Полуостров во овој склоп се разгледува како историско - географска целина коja ги обединувала (и се уште тоа го прави), различните според јазик и самосвест, а помалку според културата етно - политички заедници кои се појавувале и исчезнувале во историското време и простор. Всушност овие етноси не исчезнувале, туку по пат на акултурација се трансформирале во нови етно - политички заедници кои повторно станувале активни актери во историското време и простор.
Уште пред Големата преселба и доаѓањето на Словените на просторите на Македонија, (неколку милениуми пред ова) се одвивал процесот на акултурацијата помеѓу Доиндоевропските староседелци и новодојдените Индоевропејци. Со доаѓањето на Словените етничката и демографската структура на Македонија повторно се изменила. Словенско население не се претопило и не го асимилирало затекнатото население. Историскиот развиток на етногенетските процеси врз етно-политичките заедници одел подеднакво, па, со време на територијата на Македонија доаѓа до потполна акултурација на етнички веќе хетерогеното население. На тој начин, новоформираниот етнос имал заеднички јазик (словенски), територија, самосвест и општа култура. Што се однесува до антрополошкиот тип, тој не бил истовтенни ни кај постарото население на Македонија, ни кај Словените. Според тоа, во периодот од IV-III милениум п.н.е. до средината на XI век од н.е. на територијата на Македонија се појавуваат, се формираат, се трансформираат и исчезнуваат етноси во склоп на етно - политичките заедници, кои својата природа, битието, мисловениот процес и културата ja вткајуваат во структурата на македонскиот народ. Тежнението да се бараат и да се објаснат праизворите на појавите кои ќе се манифестираат подоцна ja наметнува потребата од понираве во длабочините на IV и III милениум п.н.е. Од друга страна, поводот да се заврши ова истражуваае со XI век од н.е., е стремежот мотивиран од сознанието дека историскиот развиток до овој период веќе ги беше заокружил историските и етничките процеси кои водат до формирање на посебната самосвест на овој етнос во склоп на Самуиловата монархија. Периодот по смртта на царот Василиј II претставува interregnum во историскиот развиток на Византија, а ќе биде отбележан со востанијата на Петар Дељан и Ѓорѓи Војтех, кога поголемиот дел од Словените на територијата на Царството за последен пат ќе востанат од Дунав до Егеј и од Јадран до Солун, заправо во одбрана и зачувуваве на таа самосвест.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
szogovic1997.pdf
Size
40.4 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):67d5fca89f7f9cb9b354a25a5e7bf1de