Импликациите на трансакционото и трансформационото лидерство во компаниите во Република Македонија
Journal
Годишник на Економски факултет – Скопје, Том 51 (2016)
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Лидерствотојапретставува основата на успешната организација. Истовремено, лидерството прераснува во една од темите од областа на бизнисот и на организациската проблематика. Притоа, соодветното лидерство на ефективни и образовани лидери обезбедува предност во
насока на остварување на успехот на компанијата. Во недостаток на лидерство, не постои организација која може да делува ефективно и да ги пресретне поставените цели. Организацијата се креира со намера да се остварат одредени цели преку искористувањето на способностите на одредена група луѓе,а во согласност со тоа, потребнo е тие да се
управуваат. Лидерството делува какокатализатор кој овозможува сите елементи на организацијата да делуваат заеднички. Без оглед на големината на организацијата, развојот и иднината се потпира на способностите на лидерот. Трансформационото и трансакционото
лидерство, кое се фокусира на односите помеѓу лидерите и вработените, претставува актуелна тема во делот на лидерските теории. Во рамките на овој труд се опфатени 76 испитаници, кои дадоа свој придонес во осознавањето на лидерските стилови, присутни во
компаниите во Република Македонија. Помеѓу испитаниците се наоѓаат лидери во компании активни во различни дејности и со различна големина. Спроведеното истражување обезбедува слика во однос на лидерството во бизнис секторот, степенот до кој постои свест за лидерските стилови и реалните импликации од лидерството во рамките на македонските бизниси..Основната идеја на овој труд е да се презентираат разликите
помеѓу трансакционото и трансформационото лидерство, потпирајќи се на теоретски и на практични концепти. Резултатите од овој труд обезбедуваат појдовна основа за проширување на научната анализа во делот на лидерството во Република Македонија.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
godisnik 2016 (1)_АЈ.pdf
Size
268.01 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):71dc3943d48a47d80992716ad276aeb2