Влијанието на емоционалната интелигенција врз лидерството во македонските компании
Date Issued
2017
Author(s)
Abstract
Релативниот придонес на емоционалната интелигенција и во таа смисла способноста да се управува со истата сè повеќе се наметнува во рамките на академската дискусија. Се смета дека емоционалната интелигенција која нема когнитивен карактер потенцијално би можела да обезбеди целосно разбирање на меѓуперсоналното влијание и истовремено лидерството. Лидерството само по себе подразбира и емотивна компонента, па така емоционалната компетентност може позитивно да одрази на ефективноста на лидерите. Во таа насока потребно е да се обезбедат импликации за досегот и влијанието на работата поврзана со емоционалната интелигенција, посебно во насока на лидерството кое претставува, исто така, една специфична димензија на работењето на компаниите. Истовремено, лидерството од своја страна во изминативе неколку декади ја зголеми својата комплексност, па така одговорите за голем број прашања поврзани со истото се бараат на нови места.
Без оглед на големината на една компанија, развојот и иднината се потпира на способностите на лидерот, кои несомнено се базираат на различните видови интелигенција, помеѓу кои сè погласни се аргументите и за емоционалната интелигенција. Некои автори одат чекор понатака сметајќи дека баш емоционалната интелигенција е таа која ја наметнува разликата помеѓу успех и неуспех. Се напуштаат парадигмите каде емоциите и бизнисот не можат да најдат заеднички интерес и соодветно да влијаат на ефективноста на работењето. Во рамките на овој труд спроведен е анкетен прашалник, кој вклучува испитаници на различни менаџерски позиции во дел од македонските компании, кои обезбедуваат повратни информации за тоа колкава е поврзаноста помеѓу емоционалната интелигенција и лидерството во секојдневното работење.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Годишник на Економски факултет- Скопје 2017_AJ (1).pdf
Size
1.33 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):526d2b9106f6de6c9b2dbca15fe2473d