РАЗЛИЧНИ МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАПИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО
Date Issued
2019
Author(s)
Катерина Шапкова Коцевска
Abstract
Во овој труд, се претставени главните предизвици при обидот да се квантифицира концептот на владеење на правото. Денес постојат неколку различни пристапи за изразување на владеењето на првото во различни земји во светот во текот на времето. Предмет на анализа на овој труд се следните четири индикатори: 1) Индексот „Владеење на правото“, објавен во рамки на базата на податоци Светски индикатори за управувањето од страна на Светска банка; 2) Индексот „Владеење на правото“ објавен од страна на проектот „World Justice“; 3) Групата на индикатори насловена „Владеење на правото“, која вклучува податоци за сопственичките права, судската ефективност и интегритетот на владата, објавени од страна на Херитиџ фондацијата во рамки на Индексот на економска слобода; и 4) Индикаторот „Владеење на правото“, содржан во Извештајот за граѓански слободи, што е подготвен и објавен од страна на Фридом Хаус. Фокусот на трудот е ставен на земјите од Западниот Балкан, преку користење на студии на случај и ситуациона анализа. Обезбедувањето на владеење на правото е еден од основните предуслови за интеграција во Европската Унија на земјите од овој регион.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
20200218120759061.pdf
Size
3.24 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f8600606ff35bcf936461e70f1e5de18
