Нови аспекти на толкување на интермедијалноста
Date Issued
2021-06-22
Author(s)
Натали Рајчиновска Павлеска
DOI
https://doi.org/10.37834/JCP2141
Abstract
Предмет на анализа во оваа студија е преисчитувањето на медиумските конвергенции што се појавуваат во 1960-тите години од XX век, прикажа-но преку делото Prune. Flat. (1965) на уметникот Роберт Витман. Интерме-дијалноста, карактеристична за ова дело, e резултат на истовременото из-ведување перформанс и филмска проекција, кои во процесот на совпаѓање и на јукстапонирање создаваат медиумски специфичности, кои иманентно им припаѓаат на одвоени дисциплини. Нивното спојување генерира, според Р. Констеланец, медиум на проширен театар, а преисчитувањето има цел да покаже дека проширувањето се случува како дијалог меѓу различните дисциплини во нова уметничка форма, настанот, и како такво е проширу-вање не само на театарот туку и на филмот. Студијата има цел да покаже дека станува збор за суштински дијалектички принцип на обликување и на структурирање, преку примената на поимите коприсуство, прекинувачки механизам, монтажа, според Б. Брехт. Соодносот меѓу медиумските арти-кулации ги изложува границите на поетската одредливост и онтолошката валентност, го одредува авторскиот глас и гледната точка (М. Бал), поставу-вајќи го конфликтот меѓу структурните елементи на концептуално рам-ниште (С. Ејзенштајн). Студијата поминува низ генеалогијата на процесот на структурирање на делото, опфаќајќи референцијален ризом меѓу поет-скиот чин како чин на отпорот (според Џ. Агамбен) и различни теориски вкрстувања, кои низ дедуктивен пристап ја преиспитуваат ремедијацијата, како формулација на нова естетска материјалност.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Натали Рајчиновска Павлеска, Нови аспекти на толкување на интермедијалноста.pdf
Size
367.48 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4297d4ba43e1e267b36b85dbd1cdff5a
