Интеракција и комуникација во образованието на далечина во македонските училишта
Date Issued
2022-05-06
Author(s)
Спасова, Анкица
Илиеска, Викторија
Abstract
Како резултат на глобалната здравствена криза образовните институции во голем дел преминаа од класична кон настава на далечина, со важни предизвици интеракција и комуникација.Теорискиот дел на трудот вклучува дефинирање, вреднување, класификации и цели на интеракциите. Разликуваме повеќе форми на интеракција: ученик-ученик, ученик-наставник и ученик-содржина (Мур и Керсли); наставник-наставник, наставник-ученик и наставник-содржина (Андерсон и Гарисон) и ученик-интерфејс (Хилман). Интеракцијата без разлика, синхрона или асинхрона, зависи од многу фактори: технологија, време, број на луѓе, локација, степени и.т.н. Прашањата се многубројни: „Разликата меѓу различни типови интеракции“, „Кој вид, со колкав интензитет на интеракција и нивно комбинирање, е поефективен во различни форми на образование?“„Kако да се стимулирачки за учениците и наставниците?“ , „Како новите технологии да го подобрат нивниот квалитет?...Интеракцијата треба да е достапна, соодветна и релевантна. Образовните институции треба да организираат курсеви за најсоодветен тип на интеракција за различни наставни задачи, различни предметни области за учениците во различни фази на развој. Практичниот дел е: истражување меѓу наставници за интеракцијата во македонските училишта и приказ на мултимедиски софтверски решенија со препораки во функција на правилна примена на интеракцијата и подигнување на нејзиното ниво.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
6_2022_Interakcija i komunikacija vo obrazovanieto na dalecina vo mkd ucilista_3 megj. konf. KOMFSN.pdf
Size
264.39 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):8af7a0aeefd164a9d8648f81f0eacc51
