Распространетост на лицата со интелектуална попреченост на ниво на општина Прилеп
Date Issued
2019
Author(s)
Јуртоски, Филип
Abstract
Во ова истражување се проучува распространетоста на лицата со интелектуална попреченост на ниво на општина Прилеп. Исто така се истражуваше поврзаноста на степенот на интелектуална попреченост со полот и возраста кај лицата со интелектуална попреченост. Се проучуваа социјалните услови кај лицата со интелектуална попреченост, како и образовниот статус на родителите на лицата со интелектуална попреченост. Добиените резултати од истражувањето покажаа дека распространетоста на лицата со интелектуална попреченост е во корелација со други релевантни истражувања. Беше утврдено дека најзастапена група, според степенот на интелектуална попреченост, се лицата со лесна интелектуална попреченост. Анализата на добиените податоци за полот на лицата со интелектуална попреченост покажа дека бројката на лица припадници на машкиот пол е поголема од онаа на женскиот пол. Исто така утврдивме дека бројот на лица со интелектуална попреченост кои се приматели на трајна парична помош е поголем од останатиот број на лица со интелектуална попреченост.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
fjurtoski2019.pdf
Size
1.53 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6584d19895e38e45cad7d4d8849f925b
