НЕРАСКИНЛИВАТА ВРСКА МЕЃУ МАТЕМАТИКАТА, ПРИРОДАТА И УМЕТНОСТА
Date Issued
2023-03-17
Author(s)
Илиеска, Викторија
Спасова, Анкица
Abstract
Постојат бројни математички поими и области кои често ги
среќаваме во природата и уметностa: кругови, шестаголници, полиедри, фрактали, симетрија, броевите π и e, златен пресек,
Фибоначиеви броеви многу други. Во овој труд акцентот е ставен
на златниот пресек и Фибоначиевите броеви.
Златен пресек го нарекуваме ирационалниот број
1 5
1,61803...
2
+
τ = ≈ . Еден е од ретките броеви, покрај броевите π
и e, кој побудува висок интерес уште од античко време кај
математичарите, физичарите, филозофите, архитектите, уметниците и музичарите. Некои го нарекуваат и златна средина, златен
рез, божествена пропорција, Фибоначиев број и Фидиева средина. Златниот пресек вообичаено го означуваме со буквата τ .
Постојат примери во литературата кога наместо со τ , тој се означува со буквата ɸ, во чест на еден од првите изучувачи на
неговите својства ‒ познатиот скулптор Фидиј, кој живеел и творел во Атина, во тоа време раководена од старогрчкиот државник, говорник и војсководач Перикле. Сепак, многу почесто во
литературата со ɸ се означува бројот 1 /τ или бројот − 1/τ .

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
7_2023_Neraskinlivata vrska medju matematikata...MIP_2023.pdf
Size
1.08 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):96a76ac537a66d84a637e32ed23bf43d