Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија
  4. Светиот простор и светото време во теоријата за религијата на Мирча Елијаде
Details

Светиот простор и светото време во теоријата за религијата на Мирча Елијаде

Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Во текстот се прикажани категориите на просторот и на времето преку дихотомијата свето-профано и преку карактеристиките на верувањето на религиозниот човек во светото во теоријата на Мирча Елијаде. Светиот простор е поважен од профаниот, тој е хетероген, влегувањето во него подразбира влегување во подрачје со специфичен и супериорен онтолошки статус. Сместувањето во светот за примордијалниот и за современиот верник е преку ориентирање со помош на светото како центар, како оска (оттука и верувањата во „оската на светот“ и во симболиката на центарот), обезбедувач на безбедна средина, создавач на космос. Митовите како свети сказни раскажуваат за космогонијата, која подразбира топогонија, а со нивната светост и перформативни моќи имаат способност да ја реактуализираат состојбата на иницијалното излевање на светото, на дејствувањето на светите предци или божествата. Така, понатамошно сместување подразбира мимезис на иницијалното диференцирање и структурирање на елементите на светот. Реактуализирањето на космогонијата, покрај подражавање на топогонијата, подразбира и навраќање во светото време на Почетокот. Светото време е исто така нехомогено, и религиското повикување на светоста од „она време“ (како што го нарекува Елијаде) значи прекин на профаното траење и воведување на време кое не поминува, но кое има способност да ја обновува стварноста на верникот во култот.
Subjects

свето, простор, време...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

04. 05. Svetiot prostor svetoto vreme vo teorijata na mirca elijade_Zbornik FZF.pdf

Size

535.64 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):1272cf4badfcf435d3c4f0acb8fe5822

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify