Менаџирање на вработени со намалени работни способности
Date Issued
2021
Author(s)
Мустафоска, Бернанда
Abstract
Гледиштето на јавноста за попреченоста во голема мера се заснова на стереотипи, сепак, во поново време постојат искуства за работа со лица со попреченост, без разлика дали станува збор за физичка, ментална, или интелектуална попреченост. Ова истражување опфати анкетирање на 450 лица од три таргет групи: менаџери, вработени со попречености и вработени од општа популација. Студијата истражуваше какви се ставовите на овие три анкетирани групи во работно опкружување со лица со попречености. Истражувањето покажа дека при селекција и регрутција на идни вработени се применуваат општите правилници како и за лица од општа популација. Не се применуваат посебни тестови за тестирање на лицата со попречености. Се идентификуваше дека менаџерите не се директно инволвирани во интеграција на лицата со попреченост во новата работна средина. Вработување на лица со попречености, најчесто не резултира со адаптација на работното место, бидејќи менаџерите и работодавачите целат кон нивно вработување на место кое речиси не би барало инвестиција за адаптација. Поради социјална инлузија на лицата со попреченост, едукацијата на овие лица и нивно вклучување во работните процеси во рамките на компаниите е од витално значење. Преземајќи позитивни чекори за да се разбере бенефитот што се добива преку преку помагањето на лицата со поспреченост, вклученоста на компаниите, кои вработуваат вакви лица има витално значење како за општеството така и лично за самите лица со попреченост.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
bmustafoska2021.pdf
Size
700.04 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0b03c04515228011e17451930a591dd7
