Проценка и третман на когнитивните способности кај лица со ментални растројства – улога на дефектологот
Date Issued
2016
Author(s)
Тодоровска, Данче
Здјелар, Ивана
Abstract
Когнитивниот развој е конструкција која се состои од мисловен процес, вклучувајќи ги меморијата, решавањето на проблемите и донесувањето одлуки, почнувајќи од детството, преку адолесценцијата до возрасниот период. Когнитивните вештини се основните вештини кои нашиот мозок ги користи за да размислува, помни, расудува и да внимава. Резултатите покажуваат дека пациентите ги остваруваат своите најдобри резултати во областа на ориентација, перцепција и јазик, а најслабите резултати ги постигнуваат во категоријата на концентрација и внимание. Врз основа на резултатите можеме да кажеме дека менталните растројства, како на пример шизофренијата, навистина влијаат врз когнитивните способности на пациентите како и на нивното секојдневно функционирање.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
11 (1).pdf
Size
1.03 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a3b72254ca6deb25f86c54f2b8cf4842
