Советот за безбедност и Новите Војни
Journal
Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Date Issued
2018
Author(s)
Стојковски, Љупчо
Abstract
Иако се поминати 70 години од крајот на Втората Светска војна и создавањето на Обединетите Нации, прашањата за војната и нејзиниот карактер и особини се сé уште актуелни. Од завршувањето на Студената војна па до денес, многу автори укажуваат на постоење на поинаква логика кај денешните војни, кои истите автори ги означуваат како „нови војни“. Овој труд го разгледува концептот на „новите војни“, но и тоа дали ОН и пред сé Советот за Безбедност кои биле формирани да спречат нова меѓудржавна војна, можат да се справат со овие феномени на 21-от век. Заклучува дека логиката на новите војни е посоодветна и посеопфатна за објаснување на модерните конфликти – како што се на пример војните на Балканот и во Африка од 90-тите години на минатиот век (а и ден денес), како и глобалната војна против тероризмот и ИСИС (Исламска Држава на Ирак и Сирија) како и дека Советот за безбедност има прилично флексибилна правна рамка која и ден денес му овозможува да одговори на актуелните безбедносни закани. Сепак, сé уште треба да се работи на инкорпирање на новата безбедносна когнитивна матрица, но и да се адресираат „старите“ проблеми кои со години го кочат Советот.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Советот за безбедност и Новите Војни.pdf
Size
235.24 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7155f573a3d3501db0d10425f9d2ea37
