УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО УСЛОВИ НА КРИЗА
Journal
Годишник на Економски факултет-Скопје
Date Issued
2014-11
Author(s)
Abstract
Кризите, без разлика на причините за нивното настанување
(природни непогоди, внатрешно-организациски проблеми или надворешни
влијанија), отсекогаш се сметале за непожелни појави поради нивното
неизбежно влијание како врз организациските, така и врз индивидуалните
перформанси. Погодени од последиците на кризата, организациите се
принудени да воведат програми за намалување на трошоците. Трошоците
за вработените се далеку најголеми по обем и удел во вкупните оперативни
трошоци на компаниите. Тоа е главната причина поради која во услови
на криза компаниите без посериозна анализа често најавуваат кусење на
буџетите на одделите за човечки ресурси или за истражување и развој,
кусење на платите и бенефициите и/или отпуштање на вработените.
Минатите кризни мерки кои се преземале од страна на организациите
имаат мал успех во денешниот изменет економски контекст на работење.
Само современ и стратегиски пристап кон организациското
знаење и најважниот организациски капитал - луѓето може да
доведе до брза обнова и развој на организацијата. Човечките ресурси
се суштински дел од процесите на трансформација на бизнисите.
Менаџментот на човечки ресурси (МЧР) во услови на криза има
стратегиска улога во преживувањето на организацијата. Неговото
влијание за организацијата е клучно во три фази: во фазата на
подготовка за кризите – превентивна улога, за време на самиот процес
на одвивање на кризата – кризна улога и по завршувањето на кризата
или посткризна улога. На крајот на трудот се предлагаат дваесетина
потенцијални МЧР практики соодветни за примена во услови на криза.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Godisnik 2014.pdf
Description
Годишник на Економски факултет-Скопје
Size
5 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):92a8495be695774958473cf3fd5fd8b5