ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОТПОРНОСТА НА ГРАДОВИТЕ ПРИ ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО АТМОСФЕРСКИТЕ ВОДИ
Date Issued
2023-09-28
Author(s)
Nikola Krstovski
Abstract
Краткотрајните и интензивни дождови е основен показател за влијанието на климатските промени кои се
манифестираат со многу чести поплавувања најчесто на урбаните средини со што отпорноста на
градовите на ваквите промени ја прави ранлива. Поради тоа инженерите се повеќе се соочуваат со
предизвици за изнаоѓање на технички мерки со кои по пат на управување со атмосферските води
максимално би се намалил ефектот на климатските промени особено од интензивните врнежи.
Во овој труд преку анализа на веќе постојна атмосферска канализација која е дел од ново изградена
урбана површина се анализирани влијанијата на урбанизацијата на зголемувањето на пикот на
хидрограмот на истекување на дождот кој пак претставува основа за димензионирање на атмосферските
канализации и основна причина за поплавување на урбаните средини. При што се анализирани три
сценарија за урбаната површина и тоа: анализа на постојна состојба, анализа на состојба пред
урбанизација и анализа на големина на пикот при примена на технички мерки за намалување на
хидрограмот на истекување.
Технички мерки за намалување на пикот на хидрограмот на истекување кои се предвидени при
хидролошко хидрауличката анализа се резервоари за ретензија со кои се прифаќа целокупната количина
на врнежи кои доаѓа од крововите. Мерки кои се доста застапени во развиените земји како што се
Австралија и Нов Зеланд.
Со направената анализа се прикажува дека со примена на мали инвестициони мерки значајно може да се
влијае на зголемувањето на отпорноста на градовите на климатските промени во делот на управување со
атмосферските води.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Proceedings_MASE20-GT.pdf
Size
1.97 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0ba7072dc12a6c5e2f9185e607077bf3