Злоупотреба на правото и ненормалното право во македонското граѓанско законодавство
Date Issued
2019
Author(s)
Ангел Ристов
Abstract
Забраната за злоупотреба на правото е општата граница во вршењето на правото. Субјектите се слободни по своја волја да ги вршат, односно остваруваат своите права врз основа на начелото на совесност и чесност но, тие не треба да ги злопотребуваат. Тие не можат да ги вршат своите права спротивно на целта и интересите заради кои се признати и правно заштитени. Кога некој го врши своето право со намера на друг да му причини штета или спротивно на целта заради која е признато, го врши на несовесен и нечесен, асоцијален и ненормален начин, причинувајќу му на друг штета или спречувајќи го друг во остварувањето на своето право, тогаш во теоријата на граѓанското право се говори за злоупотреба на правото. Освен субјектите, во практиката и законодавецот го злоупотребува своето право, носејќи закони кои се во спротивност со правните принципи и логика. Чести се случаите кога ваквите „бирократски“ закони се на штета на граѓаните, поради што ваквото право го добива префиксот „ненормално“ право. Во трудот, авторот ги анализира поимот и теориите за злоупотребата на правото во правната наука и позитивното право укажувајќи на се поголемата застапеност на злоупотребата во практиката, но и на реткото повикување на ова начело од страна на субјектите. Авторот, исто така, посочува примери во законската регулатива кои се израз на „неномалното“ право со предлози за нивно надминување.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Ohrid School of Law 2019 Tom10.pdf
Size
4.71 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b6d08fca39e227baf81ab925de93f276
