Аристотеловиот концепт phronesis и психолошките истражувања за мудроста
Journal
Психологија: наука и практика
Date Issued
2024-09
Author(s)
Abstract
Психолошките интересирања за мудроста ја бележат својата петта деценија на интензивно истражување на оваа комплексна тема. Тие се одвиваат во неколку поддисциплини на психологијата, како што се когнитивната, развојната и позитивната психологија. Во текот на овој период, овие истражувања се изведуваат паралелно со филозофските дискусии, без некои важни преклопувања, но со изразена концептуална повеќезначност. Подемот на неоаристотеловската етика на доблеста, особено низ призмата на аристотеловскиот концепт phronesis, како во филозофско-етичките дискусии, така и во психологијата, отвора нови перспективи за конципирање на мудроста во рамки на психолошката практика и психолошкото истражување.
Преку разработка на клучните филозофски концепти поврзани со мудроста (sophia – теориска мудрост, phronesis – практичка мудрост, и deinotes – снаодливост), во овој текст ќе биде направен обид да се покаже неодамнешната тенденција на приклонување на психолошките истражувањата од концепт за мудроста кој главно се однесува на теориската мудрост кон концепт кој ја дефинира мудроста во смисла на практичка мудрост. Од аспект на ваквата анализа, ќе биде продискутирана можноста за плодотворна соработка меѓу двете дисциплини.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2024 - Popovska - Aristoteloviot koncept phronesis i psiholoskite istrazuvanja za mudrosta.pdf
Size
481.73 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):32f83449b15664658754454fbaab2d0c