Значење на социјалните пакети во интензивниот третман на децата со аутистичен спектар на нарушувања
Date Issued
2018
Author(s)
Ѓорѓевска, Симона
Најдова, Гордана
Abstract
Aутизмот претставува первазивно развојно нарушување кое се дефинира со постоење на ненормален или оштетен развој кој се манифестира пред третата година од животот со карактеристичен облик на патолошко функционирање во сите три области на социјалните интеракции, во комуникациите и со повторувачко однесување (СЗО). Аутизмот како специфична состојба, бара и задолжителен, континуиран, интензивен третман што ќе резултира со подобрување во целокупната состојба на децата. Интензивните терапии бараат повеќе часови терапија во текот на неделата и ги опфаќаат бихевиорални, развојни и образовни цели. Според многубројни истражувања докажано е дека раните интервенции и третман позитивно влијаат на состојбата на децата, па поради тоа секое дете со аутистичен спектар на нарушување треба да биде опфатено со континуиран третман. Целта на истражувањето е да покажаме дека секое дете има бенефит од раниот интензивен третман. Раниот интензивен третман треба да биде достапен до сите деца со аутистичен спектар на нарушување, не привилегија која е достапна само до мала група деца.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Значење на социјалните пакети.pdf
Size
1.13 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):1560d3168151187126dfef1480b9976a
