Статусот и светоста на митот – неколку перспективи
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Date Issued
2014
Author(s)
Abstract
Митот е сказна за Почетокот на светот, за космогонијата, за дејствата на божествени прасуштества или на светите предци. За верникот, односно за оној што верува во него, митот е вистинита, света сказна, која покрај тоа што е стварна, е и супериорна, затоа што се однесува на Почетокот, на состојба што е онтолошки и аксиолошки супериорна над вообичаената, профана стварност. Текстот дава краток преглед на статусот и функцијата на митот за примордијалниот верник, преку моќта на митот да ја реактуализира иницијалната светост на светот во религиозен контекст, на тој начин одржувајќи ги безбедноста и идентитетот на верниците од примордијалните заедници. Потоа, понудена е куса скица на теорискиот интерес за митот од мета- аспект и низ неколку перспективи, забележувајќи и неколку позиции од ритуалистичката линија, според која примарен е ритуалот. Внимание е обрнато на светоста на митот кај неколку автори кои го разгледуваат како супериорна, парадигматична и перформативна сказна.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
X. 02. Statusot i svetosta na mitot_Zbornik FZF.pdf
Size
358.87 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):146d2358b7086b8f6f83ac3cd5de1434
