Visual perception of students with special needs
Date Issued
2014
Author(s)
Чекановска-Димитриевска, А.
Abstract
Целта на овај труд е да се процени коефициентот на визуелна перцепција кај учениците со посебни образовни потреби и да се утврди дали постои статистички значајна разлика помеѓу хронолошката возраст и нивната визуелно-перцептивна возраст. Во истражувањето e опфатен примерок од по 30 ученици од три посебни училишта, и тоа: ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ - Скопје, ПОУ „Д-р Златан Сремац“ - Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“- Битола. За проценка на визуелната перцепција се користеше тестот MVPT-R (Motor-free visual perception test-revised) - индивидуален тест за визуелна перцепција. Анализите на добиените истражувачки податоци покажуваат дека кај сите
три групи испитаници е констатирана помала визуелноперцептивна возраст од нивната хронолошка возраст, и тоа: кај учениците со оштетен вид просечната ХВ изнесува 14,56, додека ВПВ е 8,08 години. Учениците со оштетен слух имаат слични резултати, така што ХВ во просек изнесува 12,68 додека ВПВ 8,37. И кај испитаниците со интелектуална попреченост ХВ е 12,66, додека ВПВ изнесува, во просек, 5,86. Од ова може да се заклучи дека кај лицата со оштетен слух имаме најмала разлика, додека кај лицата со интелектуална попреченост, најголема разлика помеѓу ХВ и ВПВ. Според добиените резултати, факт е дека разликите помеѓу ХВ и ВПВ се големи. Знаејќи дека перцепцијата е научена функција, што значи дека на неа може да се дејствува со учење, тоа може да се постигне со планирани вежби на сензорните доживувања на подрачјето на видот

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
VizuenatapercepcijakajucenicitesoPOP-Anita.pdf
Size
287.65 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):e934436474acb78433e84041c10d6c36