Унапредување на социјалната заштита на лицата со попреченост преку работата на центрите за социјална работа во Република Македонија
Date Issued
2019
Author(s)
Двојакова, Ивана
Abstract
„Социјалната заштита е систем на мерки, активности и политики за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и за јакнење на неговиот капацитет за сопствeна заштита„(Закон за социјална заштита, Службен весник на РМ 79/09).
Оваа дефиниција покажува дека целта на социјалната заштита е да му помогне на секој човек, но и да го зајакне и да му покаже кои се начините да биде самостоен до најголема можна мера и да биде прифатен од страна на општеството. Ваквиот вид на работа е доста сложен и бара вклучување на професионалци од различен профил во работата со секој поединец, но и да постојат многу услуги и начини на поддршка.
Лицата со попреченост се соочуваат со низа предизвици, висок степен на изолираност и социјален ризик, поради што им е потребна континуирана помош и поддршка во сите сегменти од нивниот развој и живеење преку рамките на изградените системи на државата. Еден од клучните системи на поддршка е системот на социјална заштита.
Помошта и поддршката за лицата со попреченост се овозможуваат преку низа услуги, кои ги даваат професионалците во системот на установи за социјална заштита, а со цел унапредување на квалитетот на животот на овие лица (Покрајински завод за социјалну заштиту, 2013).
Во Р Македонија правата и услугите на социјалната заштита за лицата со попреченост се остваруваат преку добро балансирана мрежа на шеми на социјална заштита: шема на социјална превенција, шема на институционална и вонинституционална заштита и шема на парична помош, но сепак, како професионална обврска се налага потреба од постојан развој, унапредување и унифицирање на пристапот и работата при остварување на истите во центрите за социјална работа.
Во таа насока е определен предметoт на истражувањето, односно проценка на моменталното функционирање и организација на заштитата, поддршката и третманот на лицата со попреченост во системот на социјалната заштита преку стручната работа на центрите за социјална работа во Р Македонија.
Методолошки станува збор за истражување, при кое е применета триангулација на методи, додека примерокот го сочинуваат стручни лица кои работат со лицата со попреченост и нивните семејства во 30-те центри за социјална работа во Републиката, и стручни лица во ЈУ Завод за социјални дејности и Министертвото за труд и социјална политика, чие поле на професионално делување претставува и унапредувањето на социјалната заштита на лицата со попреченост во системот.
Резултатите од истражувањето, преку утврдување на законската рамка, материјално-техничките и кадровските капацитети, анализа на моменталниот начин на организациона поставеност и функционирање на центрите за социјална работа, особено во делот на стручната работа и постапување со лицата со попреченост и нивните семејства, односно работа при откривањето, евидентирањето, проценката, планирањето и организирањето на третманот, утврдување на потребата од развивање на нови услуги и права за лицата со попреченост и унапредување на интерсекторската соработка ќе значат основа за креирање и имплементација на унифицирана методологија на работење со лицата со попреченост во центрите за социјална работа регулирана со изготвени стандарди и процедури за постапување, со цел навремен, ефикасен, холистички и индивидуализиран пристап кон лицата со попреченост и нивните семејства.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
idvojakova2019.pdf
Size
2.19 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7fe5801799a061957eda8be053342b56