Професионален стрес и менаџирање на стресот кај социјалните работници во социјална заштита
Date Issued
2021
Author(s)
Граматикова, Елена
Abstract
Основниот предмет на овој труд, како и на ова целосно истражување, е професионалниот стрес и професионалното согорување на вработените и менаџирањето притоа насочувајќи се кон прашањето дали и колку социјалните работници во социјалната заштита се посогорени и изложени на поголем стрес од вработените во јавниот сектор. Во рамките на овој труд посебен предмет на анализа е дефинирањето на поимот професионален стрес, факторите и причините што придонесуваат за негово настанување, како и последиците што настануваат како резултат од појавата на професионален стрес кај вработените. Понатаму, се дефинира синдромот на професионално согорување или попознат како burnout синдром и се согледува неговата поврзаност со професионалниот стрес. Имено, во овој труд се посветува внимание на професионалниот стрес и на burnout синдромот кај социјалните работници во полето на социјалната заштита, со цел да се воочи дали тие се посогорени од другите лица вработени во јавниот сектор. И не само тоа, туку во овој труд се оди уште подалеку и се воочува како полот, возраста, работниот стаж, брачниот статус и нивото на образование влијаат врз синдромот на професионално согорување кај лицата вработени во системот на социјална заштита и кај вработените во јавниот сектор воопшто.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
egramatikova2021.pdf
Size
1.24 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):f552aa3a5f80d822e10d26c6e8ffcaeb
